Мукаетов: Ќе направиме резултат од кој сите ќе бидеме горди!

Кире Лазаров: Македонија може да се носи со секој противник!
25/12/2017
(Видео) Топ 30 погодоци во женската Лига на шампиони!
25/12/2017

Мукаетов: Ќе направиме резултат од кој сите ќе бидеме горди!

Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов е голем оптимист, верувајќи во нашите ракометари и порачувајќи дека не треба да се врши притисок врз ракометарите бркајќи конкретен пласман.

Мукаетов се надева дека повторно ќе одиграа на едно високо ниво и ќе ги израдуваат македонските фанови.

„Пред се јас сум убеден дека момците ќе дадат се од себе, мислам дека имаме една одлична комбинација од младост и искуство и на стручен штаб кој е додадена вредност. Јас сум оптимист и се надевам дека ќе направиме резултат од кој сите ќе бидеме горди. Мислам дека нема потреба од дополнителен притисок со бркање на конкретен пласман. Одиме да играме, да дадеме максимум, а јас сум убеден дека ќе дојдеме до добри резултати, особено поради фактот дека ќе имаме и огромна поддршка од трибините“ – изјави Живко Мукаетов.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.