Митревски: Кој не испил кафе на Широк Сокак, не знае што е уживање

ЖРК Металург и ЖРК Вардар Јуниор ќе одиграат пријателски натпревар!
19/02/2016
РК Вардар на мегдан со Кристијаншдат
20/02/2016

Митревски: Кој не испил кафе на Широк Сокак, не знае што е уживање

Роден е на 3 октомври 1985 година
Позиција: Голман

Никола е Битолско дете, кое своите први голмански чекори ги направи во спортската сала Младост во Битола. За потоа преку кадетската и младинската школа на Р.К Пелистер се наметна како сериозен кандидат за место во првиот тим. Никола е дел од онаа генерација на Пелистер заедно со Дејан Пецаковски, Лазе Спировски, Игор Илиевски, Mилорад Кукоски, Дарко Јанев и останатите. Генерација која требаше да го врати ракометот во Битола, а Пелистер да го врати на оние шампионски патеки. За жал тоа не се случи, па така секој од горе наведените ракометари ја продолжи кариерата во други клубови, а Николче Митревски со уште неколку ракометари преминува во вечниот ривал Вардар, во сезоната 2007/08.

Во Р.К Вардар останува до сезоната 2010/11, кога Р.К Металург го ангажира во онаа шампионска екипа на Металург. За потоа во 2015 година, го напушти Металург и премине во Португалската лига, каде денеска ги брани боите на Бенфика од Лисабон.

Зошто баш ракомет и зошто голман кога знаеме дека во ракометот секој гледа што побргу да се ослободи од топката?

И ден денеска не можам сам да си одговорам на тоа прашање, ракометот е некоја посебна хемија за која нема одговор. Зошто баш голман? Хммм тоа беше љубов на прв поглед уште во раните школски денови, кога на час по физичко воспитување за прв пат застанав помеѓу стативите.

Си бил во тандем со врвни голмани, кој од нив има оставено најдлабока трага или со кого најповеќе си се согласувал?

Точно така, ја имав таа среќа да бидам тандем со врвни голмани, но не можам да издвојам никого како посебен. Со сите имав одлично разбирање и секогаш пробувавме заедно да дојдеме до нешто повеќе.

Со кој тренер највеќе си се согласувал?

Со сите тренери сум се согласувал, едноставно сум послушен дечко :-) хаха

Дали ти фали кафето на Широк Сокак и кое ти е омилено јадење?

Секако дека ми фали, кој не испил кафе на Широк Сокак не знае што е уживање. Но, сепак ќе го надополнам сето тоа кога ќе одам во пензија. За јадење немам омилено, се што е вкусно сакам да пробам.

Голман кој ти бил идол?

Никогаш сум немал идол, секогаш напорно работев и земав од секого по нешто.

На што се должи одличната форма во која се наоѓаш моментално и дали ќе ни го кажеш рецептот за она грчко Суфлаки што им го спреми на Филипос со 25 одбрани?

Хахаха… Се е плод на напорната работа и истрајноста, а тука секако доаѓа и најголемата подршка од семејството. Кога ќе се спојат сите овие работи заедно тогаш успехот е неизбежен.

Беше изоставен од репрзентацијата за Полска. Дали доколку повторно бидеш повикан од селекторот си спремен да застанеш помеѓу стативите?

Секако дека сум спремен да го дадам максимумот. Кој еднаш го облекол дресот од репрезентација, тогаш негова должност е во секое време и на секое место да ги брани боите на својата нација. Особено кога имате публика како нашата која и последниот денар би го одвоила да отиде да ја бодри својата репрезентација. Сепак последниот збор е на селекторот.

Мислење за квалификационата група за Рио?

Квалификационата група е малце незгодна, но сепак многу поповолна од онаа во Гетеборг. Лично мислам дека оваа шанса ќе се искористи и Македонија конечно ќе има олимписки претставник во колективните спортови.

Нема Битолчанец кој не сака повторно да заигра за Пелистер, дали доколку добиеш понуда повторно би се вратил под Баба Планина?

Секако дека би се вратил ако дојде понуда.

И за крај што би им посакал на најмладите кои ќе се одлучат да застанат помеѓу стативите?

Да тренираат, да учат од повозрасните и да бидат истрајни во нивните цели и соништа.

МакРакомет му посакува секое добро и уште безброј прекрасни моменти помеѓу стативите, а за она кафе на Широк-Сокак да почека барем уште 10 години :-)

Автор: Томислав Угриновски

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.