Металург убедливо подобар од Војводина

ЖРК Вардар му гостува на Битигхајм
04/02/2018
Капитенот порачува: Не ја оставам Македонија!
05/02/2018

Металург убедливо подобар од Војводина

На денешната средба помеѓу Металург и Војводина, домаќинот со убедлива победа ги освои новите 3 поени со кои се изедначи на табелата со словачки Татран Прешов.

Уште во првото полувреме Металург го декласираше противникот кога на полувреме замина со високо водство од 21:9. Одличната игра на најмладата екипа во СЕХА го задржа водството и во втората половина од натпреварот во која влезе порелаксирано. Противникот, немоќен против нас успеа да го ублажи својот пораз и на крај да си замине дома само со 4 негатива.

Најуспешен од редовите на Металург беше Јалил Јагањац кој од 10 шутеви успеа да реализира 8. После него на листата на стрелци се запишаа Филип Кузмановски и Мартин Серафимов кои допринесоа со по 3 погодици.
На гол линијата во првото полувреме блесна Мартин Томовски кој имаше 9 одбрани од кои една од 7 метри, додека во второто полувреме Никола Даниловски забележа само 3. На оваа натпревар Металург настапи без еден од своите клучни играчи, Жарко Пешевски, кои од неразјаснети причини не се појави на средбата.

Во редовите на екипата на Војводина, Божидар Надовеза и Лука Радовиќ се запиша како најуспешни стрелци со по 4 постигнати погодоци. На голот Тодор Јандриќ успеа да одбрани 2 топки, додека Светислав Веркич 7/16 одбрани.

Ј.Г
Ј.Г
Не верувам во живот после првенство во ракомет!

Comments are closed.