Металург со победа над Горење ја заврши домашната СЕХА-сезона!

Металург го пречекува незгодниот тим на Горење
21/02/2017
Вардар против Целје за враќање на првото место!
25/02/2017

Металург со победа над Горење ја заврши домашната СЕХА-сезона!

Ракометарите на Металург со победа ги завршија настапите на домашен терен во регионалната СЕХА лига, откако вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ ја совладаа екипата на Горење со 28:25.

„Плаво-белите“ одиграа еден цврст и борбен натпревар, особено во второто полувреме кога се вратија од негатива од 4 погодоци, која ја имаа во 45-та минута од натпреварот. Кога сите мислеа дека Металург нема што да бара, дека нема сили за пресврт на овој натпревар, младите ракометари на Металург го покажаа спротивното. Со серија од 3-0, преку Илиќ, Гуглета и Кузмановски се вратија во натпреварот, а Томовски со неколку интервенции не дозволи на словенците да постигнат погодок, па со голот на Дрогришки го изедначија резултатот на 23:23.

За во последните минути ракометарите на Металург одиграа цврсто во одбраната, која им донесе лесни два погодоци преку контри за ново славје во Скопје.

Едни од најзаслужните за оваа победа беа голманите Дарко Арсиќ и Мартин Томовски кои се разбранија и забележаа заедно 15 одбрани (10 Арсиќ, 5 Томовски).

Најефикасни на натпреварот беа Вања Илиќ со 7 постигнати погодоци (од 7 обиди), Кузмановски со 5 и Обрадовиќ со 4 постигнати погодоци. Кај гостите најефикасни беа Поточник со 8 и Митровиќ со 5 постигнати погодоци.

За Металург ова беше последен натпревар на домашен терен во регионалната СЕХА лига. Во последните два дуели во ова натпреварување Металург гостува кај Извиѓач, а потоа и кај Нексе.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.