Манасков: Направивме глупости кои не се дозволени за ваков меч

(Видео) Торпедото на Филип Кузмановски
15/01/2016
Обрван: Одигравме машки, веќе се вртиме кон Полска
15/01/2016

Манасков: Направивме глупости кои не се дозволени за ваков меч

Левото крило на македонската репрезентација, Дејан Манасков одигра одличен натпревар против репрезентацијата на Франција. Одлично го спречуваше Абелоа, иимаше неколку пресечени топки и натпреварот го заврши како втор стрелец со 5 постигнати погодоци.

Но, веднаш после натпреварот Манасков беше самокритичен, каде во својата изјава потенцираше за оние неколку грешки во 50-та минута, кои го скршија резултатот. Грешки кои не се дозволени за ваков натпревар, по што бевме казнети од французите.

„Првото полувреме игравме одлично. Но, тоа не успеавме да го искористиме. Добро почнавме и во второто полувреме, се држевме 10-15 минути… Но, паднавме во мечот, направивме глупости кои не се дозволени кога е мечот во егал. Франција е поискусна и успеа да нѐ совлада. Тоа е тоа, одиме понатаму, оба треба да ни биде поука за следниот натпревар со Полска” – изјави Дејан Манасков.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.