Македонија во решавачки дуел против незгодната Црна Гора

(Видео) Најдобрите моменти од големата победа над Словенија!
14/01/2018
Еуфорија во Загреб, ракометна Македонија ужива!
15/01/2018

Македонија во решавачки дуел против незгодната Црна Гора

По големата победа над Словенија, пред Македонија е психолошки најтешкиот натпревар – дуелот со селекцијата на Црна Гора. Меч кој мора да се добие, меч кој Македонија може да ја испрати во втората рунда со минимум 2 бода, или меч кој целосно ќе ја закомпликува ситуацијата во нашата група.

За разлика од феноменалната Македонија, Црна Гора одигра исклучително слабо во првото коло, против еден од фаворитите за медал на ова првенство, актуелниот шампион Германија. Сепак, поразот од 19-32 не ја отсликува вистинската сила на Црна Гора.

Се чини дека на овој дуел, Црногорците влегоа со однапред загубени два бода. Германците секако таква шанса не пропуштаат и лесно го наоѓаа патот до голот, на слабата црногорска одбрана. Вреди да се спомене дека Мијатовиќ имаше 5, а Мијушковиќ 4 одбрани и отсуството на првиот голамн Симиќ, беше јасно видливо.

Во нападот Црна Гора беше уште послаба. Без Борозан, оваа репрезентација не е толку убоита. Најдобра игра прикажа нам добро познатиот Владан Липовина со 7 голови, а помош добиваше од Анѓелиќ, Божовиќ и Шеваљевиќ.

Сепак, натпреварот со Македонија е нешто сосем друго. Црна Гора уште пред стартот на првенството во македонија ја гледаше шансата за прва победа на шампионатите, и пласман понатаму. Тој нивен план се уште е на сила. Од друга страна, за Македонија т.е за ракометарите ќе биде исклучително битно да се заборави на големата победа над Словенија и да се фокусираат на овој меч. Се трга од 0-0, и на крајот, Македонија ќе мора да даде гол повеќе за пласман понатаму. Евентуален пораз, целосно го загрозува нашиот пласман во следната рунда.

Мечот е со почеток во 20:30 во Арената во Загреб, пред повеќе илјади македонски навивачи. И тоа мора да се искористи.

Среќно!

Т.К
Т.К
Ракомет > фудбал + кошарка. Ракометен фан од времето на Марина Абрамова!

Comments are closed.