Македонија убедливо ја совлада Романија

Раул Гонзалес со проверени сили против Романија
10/06/2018
Филип Талески: Да бидеме реални, имавме проблеми во одбраната!
11/06/2018

Македонија убедливо ја совлада Романија

Македонската ракометна репрезентација оствари убедлива победа од 32:24 против Романија во првиот бараж натпревар за пласман на Светското првенство кое следната година ќе се игра во Германија и Данска.

Романците добро го почнаа натпреварот, поведоа со 2-0, но потоа следуваше фантастична серија на Македонија од 8-0, по што работите си дојдоа на своето. Нашата репрезентација го диктираше темпото и на полувремето се замина со предност од 15:10.

Во второто полувреме Македонија продолжи со исто темпо и за брзо дојде до највисоки десет голови разлика 24:14, предност која не успеавме да ја задржиме.

Најефикасни на натпреварот беа Кире Лазаров и Дејан Манасков со по 7 постигнати погоди, а на голот одличен беше Борко Ристовски со 16 интервенции.

Раванш натпреварот во Романија ќе се игра во среда, каде очекуваме нашите ракометари да го аверат пласманот на Светското првенство во Данска и Романија.

Фото: екипа.мк

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.