Македонија се пласираше на СП во Германија и Данска!

Стоилов: Нема опуштање, баражите се непрeдвидливи!
13/06/2018
Објавен конечниот список на ракометари за Медитеранските игри
15/06/2018

Македонија се пласираше на СП во Германија и Данска!

И покрај поразот од Романија со 26:25, ракометната репрезентација на Македонија обезбеди настап на Светското првенство кое ќе се одржи во Германија и Данска на почетокот на јануари 2019 година.

Убедливиот трумф од 8 голови позитива на првиот бараж натпревар во Скопје, беше недостижен за солидната селекција на Романија предводена од шпанскиот стратег Чави Пасквал кој по натпреварот си даде оставка.

За Македонија ова ќе биде седмо учество на Мундијалите, а шесто во низа. За оваа генерација на ракометари предводена од капитенот Кирил Лазаров, шампионатот во Германија и Данска ќе биде и последната шанса да се оствари сонот, односно настап на Олимписките игри.

Најефикасни на натпреварот беа Манасков со 7 и Лазатов со 6 постигнати погодоци. Додека кај домаќините најегикасен беше Григораш со 9 постигнати погодоци.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.