Македонија против Шведска за пласман на СП

(Видео) Вардар – Бесмртници!
09/06/2017
Македонија против Украина за пласман на ЕП во Хрватска
15/06/2017

Македонија против Шведска за пласман на СП

Македонската женска сениорска репрезентација денес од 20:30 часот во СРЦ „Кале“ ќе го одигра првиот натпревар од бараж-двомечот за пласман на СП 2017 во Германија, против силната Шведска. Во рамките на подготовките македонските ракометарки одиграа три контролни натпревари на турнир во Турција, каде постигнаа победа против Литванија, а загубија од Русија и Турција.

Капитенот на репрезентацијата Елена Ѓорѓиевска во пресрет на денешниот натпревар изјави дека натпреварите во Анталија биле добредојдени.

„Трите натпревари во Анталија беа добредојдени. Особено што за ривал имаме силна репрезентација (Шведска). Ќе направиме се да постигнеме добар резултат, особено што нашата форма е во нагорна линија. Важно е секоја ракометарка да го даде својот максимум и да се бориме како што тоа го правевме на квалификациите на Фарски острови. Воедно потребна ни е поддршка од публиката за да имаме добар резулат“
– изјави Ѓорѓиевска.

Македонската репрезентација до пласман во баражот стигна со успешниот настап на квалификацискиот турнир на Фарски Острови на кој покрај Македонија и домаќинот, настапија уште Исланд и Австрија.

*ВЛЕЗОТ ЗА ВЕЧЕРАШНИОТ НАТПРЕВАР Е СЛОБОДЕН!

Реванш натпреварот ќе се игра во Шведска на 13-ти јуни.
С.П
С.П

Со спортот и ракометот уште од детството.
Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.