Македонија против Романија за заверка на пласманот на СП

Филип Талески: Да бидеме реални, имавме проблеми во одбраната!
11/06/2018
Стоилов: Нема опуштање, баражите се непрeдвидливи!
13/06/2018

Македонија против Романија за заверка на пласманот на СП

Попладнево македонската ракометна репрезентација ќе го одигра реванш натпреварот против Романија за заверка на пласманот на Светското првенство во Данска и Германија.

По убедливата победа од 8 погодоци разлика (32:24), македонските ракометари се на чекор до ново учество на СП. Сепак, потврдата треба да дојде по возвратните 60 минути во Клуж, во кои избраниците на селекторот Раул Гонзалез, ќе се обидат да остварат уште еден триумф и на уверлив начин да го заверат пласманот на Мундијалот кој на почетокот на следната година.

Натпреварот започнува од 17:30 часот, со директен пренос на Телма ТВ.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.