Македонија преку Португалија на СП 2017 во Алжир

Видео: Цепелинот на Талески и Шилегов
05/01/2017
Македонија одигра нерешено со Португалија
05/01/2017

Македонија преку Португалија на СП 2017 во Алжир

Македонската младинска репрезентација денеска од 17:45 часот, против Португалија ги продолжува квалификациите за Светското Првенство во Алжир годинава.

Натпревар во кој, со евентуална победа Македонија ќе обезбеди пласман на СП во Алжир. Бидејќи вчера Португалија славеше над Турција убедливо со 40:27, и заедно со по два бода се на првото место од групата.

Избраниците на Иле Темелковски, се очекува денес да ја повторат вчерашната одлична игра и без многу потешкотии да ја совладаат репрезентацијата на Португалија и заслужено да се пласираат на Мундијалот во Алжир летово.

Натпреварот ќе се одигра во СЦ „Кале“, од 17:45 часот.

*ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН

Затоа ве покануваме, да дојдете во што поголем број и да им ја дадеме заслужената поддршка на овие млади надежни ракометари!
С.П
С.П

Со спортот и ракометот уште од детството.
Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.