Македонската репрезентација не успеа да се пласира во 1/4 финалето, бидејќи беше убедливо поразена од Норвешка со 34:24. Иако резултатот не е толку реален, сепак заслужено репрезентацијата на Норвешка се пласираше во 1/4 финалето. Нашите репрезентативци одиграа само едно добро полувреме, за да на самиот старт од второто полувреме паднат физички и пуштат лесно норвежаните да издвојат победа.

Добро го отворивме натпреварот, иако започнавме со мал грч во нападот без идеја, сепак одбраната беше на посакуваното ниво и не дозволи на норвежаните уште на стартот да покажат моќ. По првите 10 минути од натпреварот, на семафорот беше 4:3, иако на два пати беше исклучен Никола Марковски. Со головите на Лазаров и Талески се вративме во игра и го израмнивме резултатот на 5:5 во 12-та минута.

Но, повторно имавме пад и технички грешки, по што дозволивме Норвешка со серија од 3-0 да се одлепи резултатски во 17-та минута (8:5). За потоа конечно летонските судии исклучат играч на Норвешка, по што им вративме соодветно со 3-0 серија и изедначивме резултатот на 8:8, во 21-та минута. За потоа, конечно поведеме со 9:8 и благодарејќи на расположениот Колев (5 одбрани), со самиот крај на првото полувреме се одржуваше резултатот и се замина со минимално водство на Норвешка од 12:10. Резултатот можеше да биде во наша полза, но промашените зицери на Ојлевски, Стоилов и Георгиевски го направија своето.

Лошо го отворивме натпреварот, со две технички грешки кои норвежаните без грешка ги казнија и уште по 2 минути игра веќе имаа водство од 14:10. Но, не застанавме тука, повторно почетнички грешки во нападот и веќе по 10 минути игра норвежаните имаа водство од 21:14. Каде веќе стана јасно кој ќе го добие натпреварот, по што последните 15 минути ги одиграа рутински за конечен резултат 34:24 и пласман во 1/4 финалето.