Македонија го претрпе третиот пораз

Младинците преку Холандија до четвртфинале
31/07/2016
Младинците против Шведска за прва победа на ЕП во Данска
02/08/2016

Македонија го претрпе третиот пораз

Македонската младинска репрезентација го претрпе и третиот пораз на ова ЕП во Данска, од репрезентацијата на Холандија со конечни 30:33.

Уште еден натпревар во кој нашите ракометари одиграа многу лошо, особено во одбраната. Натпревар кој уште во првите 10 минути беше решен, откако поведоа со 10:3. Нашите ракометари многу брзо примаа голови, тешко им одеше во нападот, без идеја и многу споро. По што уште по првото полувреме, кое заврши со 11:17, беше јасно дека нашите ракометари ќе го изгубат и овој натпревар. Во второто полувреме немаше никакви промени, во првите 5 минути направивме мала серија од 3:0, но веднаш потоа повторно холанѓаните ја превзедоа ситуацијата и многу рутирано ја задржаа предноста до самиот крај. Со што ја забележаа своја втора победа и обезбедија пласман во четвртфиналето.

Нашите ракометари со 3 порази се најдоа на последната позиција, која не носи во разигрувањето за пласман од 9-то до 16-то место на шампионатот. Но, многу работи треба очигледно да се променат во оваа репрезентација. Нешто не е во ред! Со овој ростер во екипата, не е дозволиво да се има многу технички грешки и да се игра без идеја во нападот. Одбраната најслаба карика на ова ЕП во Данска, во полуконтри ги примивме повеќето голови на овој шампионат.

За што станува збор, треба да се седне и да се преиспитаат овие три натпревари.

Овие три порази на ова Европско првенство, треба да ги спушти на земја нашите млади ракометари и вооедно да им укаже дека веднаш после првенството да почнат со напорна работа за да можат понатаму да се носат со другите репрезентации во Европа и пошироко.

*Во вторник играме против Шведска, а во среда против Унгарија.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.