„Што е тука. Нема време за плачење. Ќе бидам краток ќе го кажам она што ме иритира цело првенство. Значи дававме отпор, не калкулиравме, но она што боли, е да се бориш против големите и да немаш рамноправно судење… Значиме многу како Македонија и во ЕХФ и во ИХФ, а го немаме тој третман тука“ – изјави капитенот Лазаров веднаш по натпреварот.

За играта на самиот натпревар Лазаров изјави дека е задоволен, дека има време да се одморат до дуелот со Исланд и дека овој натпревар и оваа игра дава верба за подобар резултат до крај на шампионатот. На крајот Лазаров капитенски им упати јавна поддршка на помладите, верувајќи во нивните можности.