Нашиот капитен, Кире Лазаров е во одлична форма оваа сезона. А на последниот натпревар против Киелце повторно го покажа тоа, постигнувајќи 12 погодоци од 14 шута. Погодоци кои сепак не беа доволни за позитивен резултат на неговата екипа, но беа доволни за да се најде во идеалниот тим за 10-то коло во Лигата на шампионите.

Идеалниот тим на 10-то коло:

  • Тиери Омејер (голман)
  • Растко Стојковиќ (пивот)
  • Деан Бомбач (централен бек)
  • Даниел Нарцис (лев бек)
  • Андре Линдбое (лево крило)
  • Ајмен Туми (десно крило)
  • Кире Лазаров (десен бек)

Во продолжение, најдобрите потези од ова 10-то коло…