Квалификации за Рио – Чин II

Квалификации за Рио – Чин I
08/04/2016
Јуниорите одат по првиот триумф
09/04/2016

Квалификации за Рио – Чин II

Поразот од Полска во првото коло, не смее да ги деморализира нашите репрезентативци. И покрај непријатните -5, и покрај слабата игра, Македонија мора да се издигне, и психички и физички, и на мечот од второто коло, да одигра најдобро до сега во псоледниве неколку сезони.

А противник е Тунис. Африканскиот вице-првак со години е во врвот на афтиканскиот ракомет и претстатвува една навистина силна селекција, која во даден ден може да победи било која европска селекција. Јасно, лидер на репрезентацијата е Жалу, кој сезонава во Барцелона покажа дека е еден од најдобрите леви бекови на светот. Тунижаните играат цврста одбрана и Македонија навистина ќе мора да одигра на највисоко ниво, доколку сака да оди на ОИ во Рио. Во првото коло, Тунис очекувано лесно го совлада аутсајдерот Чиле со 35-29 и поодморен ќе го дочека почетокот на мечот со нашата селекција.

За македонската ракометна репрезентација нема што многу да се каже. Силна игра во одбрана, долг напад без избрзани шутеви и непоотребни технички грешки. Тоа е нашиот стил кој не носел до триумфи на сите битни натпревари во изминатава деценија. Исто треба да биде и денес.

Мечот од второто коло за ОИ квалификациите е со почеток vo 18.00ч, со директен пренос на МРТ 1.

На мечот со Тунис одиме на се или ништо. Нема оправдувања за евентуален неуспех. Ова е шанса која не смее да се пропушти. И веруваме дека нема!

Т.К
Т.К

Ракомет > фудбал + кошарка.
Ракометен фан од времето на Марина Абрамова!

Comments are closed.