Кире Лазаров прв стрелец на СП во Франција!

ЖРК Вардар конечно триумфираше во Подгорица!
29/01/2017
Анреа Пенезиќ во трите ѕвезди на колото во ЛШ
30/01/2017

Кире Лазаров прв стрелец на СП во Франција!

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров е најдобриот стрелец на СП во Франција. Со 50 постигнати погодоци на шест натпревари, Лазаров беше недостижен за другите ракометари, кои дел од нив одиграа и по три натпревари повеќе од Лазаров.

Кире Лазаров е актуелен рекорден на ЕП и СП, а ова е веќе трето признание за нашиот репрезентативец. Првото признание беше во Хрватска на СП 2009, кога постави нов рекорд со 92 погодоци од девет натпревари. Второто признание беше три годони подоцна на ЕП 2012 во Србија, кога стана рекордер со 61 постигнат гол. Статистики кои зборат за големината на нашиот капитен, кој продолжува да соборува рекорди на клупско и репрезентативно ниво.

Топ 5 стрелци на СП во Франција:
  1. Кире Лазаров (Македонија) со 50 погодоци.
  2. Авелино Лопез (Ангола) со 47 погодоци.
  3. Кристијан Бјорнсен (Норвешка) со 45 погодоци.
  4. Амин Банур (Тунис) со 45 погодоци.
  5. Еквер Никлас (Шведска) со 43 погодоци.

МакРакомет му честита на Кире Лазаров и му посакува уште многу успеси на клупско и репрезентативно ниво!

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.