Капитенот порачува: Не ја оставам Македонија!

Металург убедливо подобар од Војводина
04/02/2018
Стоилов: Очекувам уште еден тежок натпревар!
18/02/2018

Капитенот порачува: Не ја оставам Македонија!

Откако се стиши фамата околу Европското првенство во Загреб, капитенот Кире Лазаров излезе во јавноста со неговите импресии од целиот мундијал. Тој не отстапува од фактот дека репрезентацијата имаше одличен старт, изигра феноменална прва фаза, но и толку лоша втора. Но со оглед на исходот, тој вели дека е задоволен и најбитно од сѐ дека ќе продолжи да биде на челото на репрезентација.

“Да, испуштивме историска шанса, која што ја заслуживме со екстра квалитетен прв круг и пренесени три бода, со промашен зицер за победа со Германија, со што ќе беа и четири пренесени, па потоа со една победа во втор круг ќе имавме сигурно полуфинале… Но, тоа е што би било кога би било.”

Исто така, Лазаров додава дека од овој настап на првенството нашата селекција извлече многу корисни работи, кои понатаму ќе бидат двигател на истата. Тој не ја крие ниту почитта која ја има кон селекторот Раул, со кого се пријатели со години, уште од времето на Атлетико Мадрид.

„Со Раул добивме нов квалитет и разновидност и офанзивно и дефанзивно. ‘Слепо’ му веруваме сите од прв до последен и го почитуваме многу, затоа очекувам да бидеме уште подобри со него во блиска иднина.”

Меѓу другото наведе дека следна цел ќе е пласман на СП во Германија и Данска, а со тоа и повторна, можна шанса за ОИ во Токио.

„Една од причините за падот на Македонија во Хрватска беше и нашата физичка подготвеност. Ова е турнирски систем и нашите тела треба да бидат подготвени за седум, осум екстремно тешки натпревари кои треба да се одиграат во 10-14 дена”

Од целата работа, добро е да се извлечат и грешките, вели капитенот. Кога ќе се знае што е проблемот, подобро се продолжува понатаму. Тој признава дека неговото отсуство кога било најпотребно пројавило проблем, па целиот товар паднал врз грбот на младите ракометари кои за прв пат се соочиле со тој предизвик.

“Младите беа наша додадена вредност на ова ЕП. За нив ова беше второ или трето големо натпреварување. Има работи за кои треба да се пофалат, но има и што да се искритикува. Само така ќе станат големи играчи. Очекуваме од нив уште поголема одговорност и уште подобри игри. Нивните врсници во другите репрезентации веќе се носители на игра, но исто така и во клубовите. Нека го земат ова како позитивна критика и еден ден ќе бидат благодарни”

Во целост, сега останува македонските ракометари да се фокусираат на квалификациите, да се победи Романија и да се даде максимумот, повторно на чело со Лазаров кој ќе го насочи кормилото кон ОИ во Токио.

Извор: спорт1.мк

Ј.Г
Ј.Г
Не верувам во живот после првенство во ракомет!

Comments are closed.