Кањељас: Раул изгради тимски дух во репрезентацијата!

Рибера: Резултатите на Македонија во групата се извонредни!
20/01/2018
Македонија – Шпанија низ првенствата
21/01/2018

Кањељас: Раул изгради тимски дух во репрезентацијата!

Денешен противник на нашата репрезентација ќе биде репрезентацијата на Шпанија, предводена од искусниот Жорди Рибера.

Репрезентација во која играат неколку вардарци, кои добро се познаваат со Гонзалес. Таков е Жоан Кањељас, кој стравува од новата македонска репрезентација, која покажа во првите три натпревари дека може да се надигрува со секоја репрезентација на ова првенство. Исто така потенцираше дека доаѓањето на Раул на селекторското место има големо значење за Македонија, бидејќи тој изградил еден одличен тимски дух во оваа репрезентација, работа за кои многу репрезентации се трудат да го стекнат.

„Раул е тренер кој ја базира својата работа на специфичните методи, кои се потпираат на деталите. Тој верува во нив и смета дека токму тие ја прават разликата, кога се работи за големо натпреварување. Раул изгради тимски дух во оваа репрезентација. Неговата стратегија очигледно функционира, а тоа може да се забележи по првите три меча на Македонија на Европското првенство. Кога имате личност со визија и верувања и истите ги применува во својата тактика, а тоа функционира беспрекорно, тоа прави играчите да имаат голема доверба во него“ – изјави Кањељас.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.