during the EHF EURO Croatia 2018 - Preliminary round - Group C - Germany vs Montenegro in Arena Zagreb, Zagreb, Croatia, 13.1.2018, Mandatory Credit © HRS / Nebojsa Tejic

Во пресрет на третото коло од групата Ц се соочуваме со фаворитот и бранител на европската титула, репрезентација на Германија. После одиграни 2 неизвесни утакмици против селекциите на Словенија и Црна Гора, Македонија се наоѓа на врвот на листата со 4 поени.

За да го задржиме ова место и во втората фаза да преминеме со 4 поени е потребно само едно – победа!
Нема да е лесно. Во среда пред нас ќе биде репрезентација која е фаворит за повторно освојување на европската титула.

Сѐ што треба е да се одмориме, да ги собереме импресиите од претходните два меча и сигурно и самоуверено да застанеме на “бојното поле”.

Раул Гонзалес на располагање има 3 генерации на ракометари кои можеби за последен пат ги гледаме сите до еден заедно на спортскиот паркет. Тоа верувам ќе е и добитната комбинација за можна историска победа против Германија.

Наше е да навиваме и да се надеваме дека среда навистина ќе е среќен ден.
Спортски поздрав!