Играч на неделата (23.11.2015 – 29.11.2015)

РФМ ја започна битката за ОИ во Рио
30/11/2015
Божовиќ се врати на врвот на листата стрелци во ЛШ
30/11/2015

Играч на неделата (23.11.2015 – 29.11.2015)

Одбираме повторно „Играч на неделата“ како и секоја недела од македонските екипи кои настапуваат во ВИП Супер лигата, Лигата на шампиони и СЕХА лигата. Оваа недела нови 5 играчи, од кои со принцип на гласање заедно ќе го одбереме најдобриот играч за таа недела.

1. Јован Талески (РК Прилеп)

Ракометарот на РК Прилеп, Јован Талевски со 7 постигнати голови беше еден од најзаслужните за извојување на победа на домашен терен против екипата на ГРК Борец. Талевски пружи одлична партија и со тоа заслужено се наоѓа во нашиот избор за играч на неделата.

2. Филип Чурлевски (РК Вардар Јуниор)

РК Вардар Јуниор во ова коло беше подобар од Радовиш, а на оваа средба како најдобар поединец се покажа токму Чурлевски кој со своите 6 голови придонесе за нова победа на РК Вардар Јуниор.

3. Димитар Димитриоски (РК Металург 2)

Едниот од најмладите и најталентирани играчи, Димитар Димитриоски сосема заслужено се наоѓа во изборот за играч на неделата. Со одлична игра на секој натпревар станува вистински предводник на младата екипа на Металург 2. Екипата на Металург 2 беше поразена во Охрид, а најефикасен на овој натпревар беше младиот Димитриоски кој постигна 9 голови.

4. Јанко Божовиќ (РК Металург)

Конечно Јанко Божовиќ повторно блесна во она светло во кое нас добро ни беше познат на почетокот на сезоната. На натпреварот против Скјерн одигра искусно во нападот и неговите голови беа едни од клучните кои секогаш не дозволуваа данците да го зголемат своето водство. Со што заслужено како најефикасен на натпреварот со 8 погодоци, се најде во нашиот избор на играч на неделата.

5. Мијајло Марсениќ (РК Вардар)

Полека но сигурно, Марсениќ покажува дека не залудно дојде во редовите на Вардар. Раул повеќе го користи во одбраната, но на неколку пати, како и на последниот натпревар против Киелце покажа дека има квалитети и за во нападот. Марсениќ одигра одлично во второто полувреме кога нанижа 5 погодоци, со кои Вардар ја задржа резултатската неизвесност во самиот финиш. Погодици кои сепак не беа доволни за пресврт на натпреварот и нови бодови на контото на македонскиот шампион.

Играч на неделата (23.11.2015 - 29.11.2015)

  • Димитар Димитриоски (РК Металург 2) (50%, 405 гласови)
  • Јован Талески (РК Прилеп) (34%, 277 гласови)
  • Јанко Божовиќ (РК Металург) (5%, 44 гласови)
  • Мијајло Марсениќ (РК Вардар) (5%, 41 гласови)
  • Филип Чурлевски (РК Вардар Јуниор) (5%, 39 гласови)

Вкупно гласале: 806

Loading ... Loading ...
*Анкетата е отворена до 04.12.2015 година
С.П
С.П

Со спортот и ракометот уште од детството.
Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.