Тренерот на РК Вардар, Раул Гонзалес за неколку дена си заминува од Македонија. Повеќе нема да го гледаме на клупата на „црвено-црните“, каде сите љубители на македонскиот ракомет со нетрпение го очекуваа секој тајм-аут за да го слушнат Раул како зборува македонски јазик. Едноставно шпанецот влезе во секое срце на македонскиот љубител на ракометот и остави голема трага засекогаш.

Пред заминувањето за Франција, во екипата на ПСЖ, Раул Гонзалес имаше интервју за Репортер, во кое ги опишува сите овие 4 години поминати во Вардар, во Македонија.