Гонзалес: Јас сум горд што сум селектор на Македонија!

Македонија непоразена, следна цел – полуфинале!
17/01/2018
(Видео) Цепелинот и шраубата против Германија!
17/01/2018

Гонзалес: Јас сум горд што сум селектор на Македонија!

Македонскиот селектор, Раул Гонзалес не знае за пораз!
Вечерва ја предводеше нашата репрезентација до огромно реми против актуелниот првак Германија.

Покажа уште еднаш дека е одличен селектор, одлично тактички спремен!
Селектор кој направи една екипа која има карактер, екипа која може да се носи со сите репрезентации!

Не ја криеше својата радост и да ги пофали сите играчи:

„Тајната е во тоа што ова е извонредна група на играчи, ракометари на кои им е чест да играат за својата земја и кои секогаш даваат се за репрезентативниот дрес. Работиме напорно од првиот ден, знаеме што сакаме и еве – доаѓа резултат. Јас сакам да кажам дека сум горд што сум селектор на Македонија“ – изјави Раул за порталот Екипа.

Капа доле маестро, продолжи така!

Фото: екипа.мк

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.