Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалес вечерва одреди кои 16 ракометари ќе играат против Словенија, а кои ќе останат на трибините.

Златко Даскаловски, Велко Маркоски и Гоце Ојлески отпаднаа во првиот филтер и ќе ја чекаат својата шанса како замена, во некој од понатамошните натпревари.

Македонија утре со почеток од 19:30 против Словенија го почнува настапот на Европското првенство.

Списокот од 16 ракометари за ЕП Хрватска 2018:
Голмани:
  • Борко Ристовски
  • Никола Митревски
Бекови:
  • Кирил Лазаров
  • Филип Миркуловски
  • Филип Талески
  • Немања Прибак
  • Филип Лазаров
  • Филип Кузмановски
  • Аце Јоновски
  • Мартин Велковски
Крила:
  • Дејан Манасков
  • Гоце Георгиевски
  • Мартин Поповски
Пикери:
  • Стојанче Стоилов
  • Жарко Пешевски
  • Никола Маркоски