Еурофарм Работник го доби норвешкиот Филинген

Вардар останува единствена непоразена екипа во ЛШ!
26/11/2017
Арпад Штребик заминува во Веспрем!
29/11/2017

Еурофарм Работник го доби норвешкиот Филинген

На денешната ждрепка во Виена, ракометарите на Еурофарм Работник го добија норвешкиот Фелинген Берген за противник во 1/8 финалето во Челинџ купот.

Еурофарм дебитираше во европските купови оваа година, каде со две победи го елиминираше литванскиот Гранитас Каунсас. Истотака со две победи, во претходната фаза норвешката екипа беше поуспешна од Вогошча (БиХ).

Првиот натпревар од 1/8 финалето на Челинџ Купот ќе се игра на 10/11 февруари во Битола, додека реваншот е закажан за една недела подоцна.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.