ЕП во ракомет на Телма

Денес започнува Европското првенство во Хрватска, а ТВ Телма ќе се погрижи да имаме шанса да го проследиме мундијалот со што повеќе натпревари.

ТВ Телма во првата фаза по групи (од 12.01 до 17.01) ќе ги пренесува сите натпревари од групата А (Хрватска, Србија, Шведска, Исланд) и групата Ц (Македонија, Словенија, Германија и Црна Гора)

Додека изборот за главната фаза зависи од пласманот на нашата репрезентација, но и без тоа ТВ Телма ќе ги пренесува натпреварите за 5-то место, полуфиналето и финалето.

Распоред на преноси на Телма:
Петок, 12.01.2018
  • ХРВАТСКА-СРБИЈА(20:30 часот)
Сабота, 13.01.2018
  • ГЕРМАНИЈА-ЦРНА ГОРА (17:15 часот)
  • МАКЕДОНИЈА-СЛОВЕНИЈА (19:30 часот)
Недела, 14.01.2018
  • СРБИЈА-ШВЕДСКА(18:15 часот)
  • ИСЛАНД-ХРВАТСКА(20:30 часот)
Понеделник, 15.01.2018
  • СЛОВЕНИЈА-ГЕРМАНИЈА (18:15 часот)
  • ЦРНА ГОРА-МАКЕДОНИЈА (20:30 часот)
Вторник, 16.01.2018
  • СРБИЈА-ИСЛАНД (18:15 часот)
  • ХРВАТСКА-ШВЕДСКА (20:30 часот)
Среда, 17.01.2018
  • ГЕРМАНИЈА-МАКЕДОНИЈА(18:15 часот)
  • ЦРНА ГОРА-СЛОВЕНИЈА(20:30 часот)

Другите натпревари може да ги гледате на платформата на ЕХФ ТВ онлајн, се додека имате добар интернет :-)

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.