Добра игра, но повторно за малку

(Видео) Бомбата на Филип Миркуловски
25/01/2016
Обван: Белорусија е незгодна репрезентација, Кузмановски се враќа!
27/01/2016

Добра игра, но повторно за малку

Во спортот за да успееш потребни се два фактори, желбата и квалитет за успех. Желба дефинитивно имаме тоа е неизмерно, но дали имаме квалитет е тоа веќе е релативно. Нема да плукам никого, но само ќе ги изнесам фактите и ќе пробам да ја согледам реалноста без емоции.

Да се навратам во онаа 2012, кога имавме секунди до големото полуфинале. Некој ќе каже несреќно загубивме. Јас сепак би рекол дека тоа е кармата на неквалитетот кој го покажавме. Со Данска таа ноќ имавме маѓични плус седум и дозволивме Данците да се вратат и да не победат, но не беше само Данска, така се протнаа и Шведска и Германија. Ајде што се вратија, но ние наместо да бараме шут со звукот на сирената, ние дадовме можност за некоја (карма) контра. Сето тоа ни се врати како бумеранг тогаш, и денеска и пред недела дена.

Јунаците на маката се познаваат рекле старите. А ние кога е најтешко, како рацете да ни се врзани, што значи квалитетот повторно доаѓа до израз, но сега оној ментален (психички) квалитет, каде тонеме подлабоко и од Титаник. Со Франција држевме се во раце на седум минути пред крај и не успеавме, со Полска држевме на 5 минути пред крај и не успеавме со Норвешка. Тоа се бодови за полуфинале, ама буквално чисто полуфинале, но дали имаме квалитет за полуфинале??

Сите екипи играат и Франција, Шпанија, Полска, Хрватска, Норвешка, Данска, но овие екипи душата ни ја земаат во последните моменти и газат и не застануваат и тука е тој момент или тој фактор квалитет. На моменти се прашувам дали ни е до тука, дали немаме воопшто квалитет за понатаму или нешто повеќе?

Со голманите ние секогаш сме како на руски рулет. Ако му тргне, а ако не му тргне што правиме? Не сакам никој да се осети омаловажен, ниту па повреден али голманите ни беа уште пред почетокот ван форма. После примени 3-4 гола според мене голман мора да седне на клупа и да ги скенира шутерите за да се врати и да проба да влезе во серија. Но, јас никогаш не гледам соработка помеѓу нашите голмани и надополнување.

Селекторот е крив, разбирам ајде да е селекторот крив за 20% од ситуациите, но за останатите 80%. Па ние сме возрасна “искусна” репезентација и доколку видиме дека селекторот греши треба да се надополниме, тоа го гледаме во мал милион случаеви до сега каде играчишта од типот на Кире ја организираат играта на самиот тајм-аут, но и тоа го немаме.

Ајде ќе се тешиме со фактот дека може да се носиме со најдобрите, но најдобрите на нивниот менувач имаат 6 брзини за да играат до 60-та минута, а ние како да сме Рено 4 со само 4-ри брзини и снага за до 40-та минута.

Дефинитивно мислам дека е тоа проблемот што немаме ни физички ни психички(ментален) квалитет за 60 минути и не можеме да се надигруваме со големите репезентации 60 минути и да не се залажуваме дека може да се носиме. Жалосно, но вистинито мораме што побрзо да и погледнеме на вистината во очи и да се обидеме да се поправиме во тој сегмент за да можеме да се носиме и со најголемите и да се надигруваме, нека се тргне секоја суета и секоја маска на страна за да се согледаат грешките и недостатоците во комплетната екипа и нека се прекине еднаш со сите лобија во оваа репезентација зашто ова е национален дрес, а не приватна компанија и овдека мора секој своето место пеколно да го заслужи, а не да го добие.

Техниката нема да ја споменам затоа што Македонија изобилува со тренери кои поседуваат одлично знаење за тој дел, а и самите наши играчи играат во врвни клубови и доколку не ја поседувале таа техника не би биле во тие клубови или дел од нив.

Вчера видовме една пожртвувана борба која техничко-тактички ја добивме, но не и психичко-физички и повторно не успеавме да ја пробиеме таа бариера од 14-20 секунди и сеуште сме без победа. Но, сега сите со насмевки на лицето иако не знам зошто се тие насмевки, кога сеуште немаме победено никого и сме единствени без победа. Сите ние се надеваме дека на мечот со Белорусија ќе издвојуваме победа и барем со една победа ќе го обелиме образот и ќе се вратиме дома без фијаско.

И би ве замолил да не ме сфатите погрешно дека ги плукам или не ги сакам нашите. Ние ги сакаме и повеќе од тоа, но време е да и се погледне на вистината во очи, доколку толку многу го посакуваме тоа Рио.

И запомнете дека
НЕ Е БИТНО САМО ДА СЕ УЧЕСТВУВА, НЕГО ТРЕБА И ДА СЕ ПОБЕДУВА!

Автор на текстот: Томислав Угриновски

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.