Левото крило на „црвено-црните“, Тимур Дибиров и левиот бек на „плаво-белите“, Халил Јагањац се најдоа во тимот на 4-то коло од Лигата на шампионите.

Сосема заслужено, откако Дибиров со своите погодоци допринесе за пресвртот во второто полувреме против Рајн Некар Левен, а Јагањец го торпедираше Силкеборг со 10 постигнати погодоци, но недоволни за позитивен резултат.

Идеалниот тим на 4-то коло во Лигата на шампионите:

  • Лево крило – Тимур Дибиров (Вардар)
  • Лев бек – Халил Јагањац (Металург)
  • Среден бек – Томас Могесен (Скјерн)
  • Десен бек – Магнус Род (Фленсбург)
  • Десно крило – Аркадиуж Морито (Киелце)
  • Пикер – Сењамин Буриќ (Загреб)
  • Голман – Гонзало Перез де Варгас (Барселона)

Видеото од најдобрите потези од овие ракометари може да го видите на следниот ЛИНК.