Дерби: Титулата ќе се решава денес во Автокоманда

ЖРК Вардар ја одбрани шампионската титула
24/05/2016
Талески: Верувам во својата екипа и ќе дадеме се од себе
25/05/2016

Дерби: Титулата ќе се решава денес во Автокоманда

Денес во Автокоманда ќе се одира дерби натпреварот помеѓу двете најдобри екипи во нашето првенство кои се борат за титулата – шампион на Македонија. Металург и Вардар денес го играат најважниот натпревар сезонава, во кој екипата на Вардар доаѓа во Автокоманда со позитива од 4 голови, благодарение на тешката победа на домашен терен против одличната млада екипа на Металург. Според прикажаната игра и борба на тој натпревар извесно е дека денес ќе следиме вистинска ракометна војна помеѓу овие две екипи. Металург игра на домашен терен, а противниците што гостуваат во Автокоманда одлично знаат каков ,,пекол“ ги чека – исполнета сала до последно место, одлично навивање и огромна поддршка на домаќинот од своите верни навивачи.

Во пресрет на овој натпревар, поразговаравме со пивотот и капитенот на РК Металург, Жарко Пешевски кој накратко ни ги изнесе своите очекувања и видувања за овој натпревар.

,,Металург одигра два натпревари сезонава против Вардар кој ги загуби, но последниот збор и шанса за уште подобра претстава од наша страна е денес на домашен терен! Фаворит е Вардар, но ние сме  спремни да изгинеме и да покажеме дека Македонија има на кого да се надева во иднина! Нема што да загубиме, но можеме многу да добиеме. Очекувам дека ова ќе биде одличен натпревар и нека победи подобриот! “ – изјави Пешевски.

Натпреварот е закажан за денес со почеток во 18 часот и ќе се одигра во спортската сала во Автокоманда. За оние кои не се во можност да дојдат да го погледнат ова ракометно дерби, директен пренос можат да следат на МРТ1 со почеток во 18 часот.

 

Comments are closed.