Б Р У К А – Ракометарите доживеаа дебакл

Јуниорите одат по првиот триумф
09/04/2016
Македонија поуспешна од Фарски Острови
09/04/2016

Б Р У К А – Ракометарите доживеаа дебакл

И оваа Олимпијада македонската ракометна репрезентација ќе ја гледа заедно со сите нас, на телевизија. Шансата не само на оваа генерација, туку на сите претходни генерации македонски ракометари ја пропуштија денес нашите репрезентативци.

Од самиот почеток се виде дека ова ќе биде лош меч. Поведе Тунис со 3-0 на почетокот, 7-1 рано во полувремето. Јасно беше дека на Македонија ќе и биде потребно вистинско чудо. Чудо кое до крајот на мечот го немаше. Конечни 32-26 за Тунис и заслужен пласман за африканската селекција на Олимпијадата во Рио.

Македонската ракометна репрезентација не заслужи да оди на Олимписките игри. Дали беше во прашање психичка подготвеност, дали лоша тактичка подготвеност, дали беше крив Обрван, или Борко и играчите, дали федерацијата, сега не е битно. За тоа ќе следи анализа, и од новинарски, а веруваме и од стручен аспект внатре, но и надвор од федерацијата. Но за тоа, со ладни глави. Сега емоциите се зовриени.

Впечатокот останува дека ваква шанса нема да има ниту еден македонски колективен спорт во догледно време.
Следи анализа и неминовни промени во репрезентацијата. Оваа генерација заедно има да одигра уште 2 битни меча – јуинскиот бараж за наредното СП. А потоа, почнува нов олимписки циклус со нови (не)реални надежи на македонската јавност.

Т.К
Т.К

Ракомет > фудбал + кошарка.
Ракометен фан од времето на Марина Абрамова!

Comments are closed.