Македонскиот репрезентативен голман, Борко Ристовски повторно се враќа во Германија, во најсилната Бундес-лига, како член на еден од фаворитите како за титулата во германскиот шампионат, така и за титулата во Лигата на шампионит, екипата на Рајн Некар Левен. Ристовски во изминатите две години го носеше дресот на францускиот Кретеј, а претходно настапуваше за германскиот Гумерсбах.

„Поканата и понудата од великан како Рајн Некар Левен, што се бори за трофеј на сите фронтови ме натера повторно да се вратам во Германија. Договорот е за времетраење од две и пол години и со нетрпение го очекувам почетокот на оваа нова авантура“ – изјави Ристовски за порталот Екипа.

Борко Ристовски во јануари со новиот тип ќе се сретне против Вардар, како и против Барселона, во која игра неговиот добар пријател Кире Лазаров.

МакРакомет му посакува многу успех во понатамошната кариера во новиот клуб!