Битолчани го запреа РК Охрид

Виктор Дамчески: Сoн ми е дa зaигрaм зa Бaрселoнa
19/12/2015
ГРК Борец ги задржа бодовите во Велес
20/12/2015

Битолчани го запреа РК Охрид

Едно од двете изненадувања ова 14-то коло беше во Битола, каде ракометарите на РК Пелистер издвојуваа голема победа (30:26) над фаворизираниот РК Охрид, со што ја запреа серијата победи на РК Охрид.

Ракометарите на РК Охрид влегоа премногу самоуверени во натпреварот, но на теренот излезе еден сосем друг тим на РК Пелистер, расположен за надигрување и решен со победа да ја заврши тешката 2015 година.

Битолчани тоа го искористија тоа, па уште во првото полувреме го решија победникот на натпреварот, заминувајќи на полувреме со убедливи 17:10. За во вториот дел одиграат рутински и дозволат РК Охрид да ја намали негативата на само 4 погодоци, за конечни 30:26 и нови бодови, кои ги поместија од дното на табелата, поточно на 7-та позиција на табелата.

Додека РК Охрид, после поразот падна на 3-та позиција, веднаш зад прилепчани кои имаат исто бодови, но подобра гол разлика од Охрид.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.