Левото крило на ЖРК Металург, Јована Саздовска е една од најталентираните ракометарки, која во блиска иднина се очекува многу да придонесе за репрезентацијата, како и на клупски план, со што ќе го покаже својот несомнено одличен квалитет. Во интервју за МакРакомет, Јована ги сподели своите почетоци со ракометот, видувањата за состојбата на репрезентацијата, како и уште многу интересни работи за себе и својот клуб.

1. Јована, кажи ни нешто за твоите ракометни почетоци? Дали ракометот од секогаш бил твојот омилен спорт , или како и многу други се префрли од некој друг спорт? Кoј или штo е причинaтa зa дa пoчнеш дa се зaнимaвaш сo рaкoмет? Oд кaде љубoвтa кoн oвoј спoрт?

Започнав со ракомет 2006 година во салата на Автокоманда, тогашен Металург-Скопје, а одлуката и причината што започнав со ракометот беше татко ми. За среќа денес можам да кажам дека ми е еден од омилените спортови (како и споредната работа во животот-фудбалот) :-)

2. Имаш ли ракометни идоли? Кои се тие ракометарки чија игра особено те инспирира и те тера да напредуваш? Особено не интересира за луѓе кои играат на твојата позиција?

Искрено не го пратам многу женскиот ракомет колку машкиот … па би ги одбрала како омилени играчи Тимур Дибиров, левото крило на РК Вардар и Лук Абало, десното крило на ПСЖ. Тие се едни од најдобрите крила, од кои може многу да се научи. Имаат одлична брзина, одраз и шут кој најчесто топката завршува во гол.

3. Дел си од сениорската репрезентација на Македонија, која претрпе промени од корен, за кои ние потполно ја дадовме поддршката на тренерот Симовски. Одигравте два натпревари против две силни репрезентации, во рамките од квалификациите за ЕП. Кое е твоето лично мислење за овие два натпревари, како и квалитетот на овој млад состав?

Нашата репрезентација оваа година стартуваше со доста млади играчи. Започнавме со селекторот Симовски и некои подготовки за тие две утакмици, на кои го дадовме својот максимум на теренот. Секако големо влијание на нашата игра имаше нашето искуството, нашата подготвеност и воиграност. Искрено се надевам дека понатаму ќе бидеме многу подобри, со што ќе бидеме и ние нечија пречка за некоја друга репрезентација.
[one_third]jovana_sazdovska[/one_third]

4. Можат ли македонските ракометни фанови да веруваат дека за година, две македонската сениорска репрезентација ќе се врати таму кај што и е местото, на европските и светските првенства?

Секако, сите се надеваме на тоа. Тоа би било еден голем успех, кој сите го посакуваме!

5. Играч си на ЖРК Металург, екипа составена од млади ракометарки која година в година, станува се подобра екипа. Екипа која покрај финансиските проблеми кои ги имаше, како и проблемите во женската супер лига, на крај остана на нозе и РМФ дозволи да се игра, каква таква лига оваа сезона. Каква е атмосферата во тимот? Кои се твоите очекувања за сезонава?

 
Оваа сезона за ЖРК Металург би требало да биде многу подобра од таа што помина. Атмосферата и работата во клубот се на одлично ниво, за тоа не можам да се пожалам. Наш најголем хендикеп е бројот на натпревари во домашното првенство и квалитетот на противниците. Но, и со тие услови успеавме оваа година да се пласираме во 3-то коло во Купот на победници на куповите. Ја пројдовме холандската екипа на Вестфриенсланд, најпрво на гости минимално, за потоа да домашен терен, со што веќе нашите мисли се кон нашиот следен противник, данската екипа Холстебро, која лани го освои ЕХФ купот.

6. Кое е твоето мислење за нашата лига и дали имаш некои предлози за подобрување и поквалитетни натпревари на клубски план?

Спомнав во горе наведениот одговор дека имаме хендикеп околу тоа но како е така е, со дополнителни тренинзи и индивидуална работа мора да се одржуваме како прави професионалци. Турнирите ни се секогаш добродојдени, па никогаш не се на одмет како и СЕХА лига, која за жал ја растурија.

7. ЖРК Вардар е апсолутен фаворит сезонава, но дали мислиш дека со овој состав на ЖРК Металург, со правилна работа, за година, две може да ја врати титулата во домашното првенство?

Ако се работи како сега, не мислам туку верувам во тоа. Тоа е целта за нас играчите, ќе се бориме за тоа, додека сега им “дишеме“ во врат на вардарки.

8. Што мислиш за македонската публика?

Македонската публика е најдобрата што можеме да ја имаме на трибините, но штета што е најчесто во мал број на нашите натпревари.

[two_fourth]

Име ПрезимеЈована СаздовскаПозиција на која настапуваЛево крило
Датум на раѓање27.06.1993Прв клубЖРК Металург
Место на раѓањеСкопје, Р.МакедонијаСегашен клубЖРК Металург
Висина175смТип на музикаретро тип сум јас :) и често сакам да чујам класична музика
Тежина62кгХоби или интерес за нешто различно од ракометотЧитање книги и дружба со пријателите

[/two_fourth]
jovana_sazdovska2

9. Што може да те изнервира најмногу за време на натпревар?

Најмногу може да ме изнервира на натпревар ако добијам некој силен удар, посебно ако е неспортски.


 

10. Ако дојдеме сега кај тебе дома и го отвориме фрижидерот, што ќе најдеме во него?

Среќа само што во фрижидерот би провериле :) Се шалам, се трудам искрено да се исхранувам здраво, да конзумирам овошје и зеленчук, месо обавезно и нормално си дозволувам и јас по некое чоколадо или било какво слатко :)

11. За крај, што ќе им порачате на читателите на МакРакомет?

Би им порачала да читаат МакРакомет затоа што тука можат да ја најдат секоја новост и информација за спортот.