Трета среќа

Вугринец потпиша за катарскиот клуб Лахвија
27/01/2015
СП Катар 2015: Ден 13 – Резултати
27/01/2015

Трета среќа

После поразот од Словенија на нашите ракометари, се чувствувам некако многу напнато, нервозно, со голема болка во градите. Има и зошто. Бидејќи јас не сум како секој обичен ТВ-гледач, бидејќи не сум како оние фејсбук-навивачи, и не припаѓам на онаа група „стручњаци” во нашата земја… бидејќи сум еден од оние ретките, но искрени фанови на нашите ракометари.

Тешка е оваа болка во градите, оваа горчина, тешко е кога знаете дека сте биле така блиску, а така далеку, тешко е кога нема на кому да му се “исповедаш” за она што те мачи… Токму затоа и го пишувам овај текст, оваа порака која се надевам ќе стигни до нашите херои.

Ех камо среќа сите да бевме како вас… Вие ни докажавте што значи да гиниш за својот дрес, да се бориш за својата татковина со последните атоми од силите. Да не бевте вие најверојатно, како што кажа и нашиот „министер за одбрана” – Борко, Македонија ќе ги гледаше големите натпреварувања на ТВ. Да не беше оваа прекрасна генерација, многумина „стручњаци” ќе се занимаваа со анализа на турско-индиски серии, и некакви си „ѕвезде”.

Што се однесува до СП во Катар го освоивме деветтото место, деветта светска ракометна сила(камо да сме во се деветти), најголемиот успех постигнат на ракометарите после оној во Србија 2012. За некој успех, за некој неуспех ама тоа е релативно. За една мала замја како нас, и самото учество е голем успех, гордост е кога ќе се види тоа македонско знаме развеано заедно со 23 други, кога ќе видиш дека и ние сме тука, дека на семафорот и на прес конференција пишува Македонија, не ФИРОМ. Време е сега да се разбистрат главите, да се анализира и да се размисли за она што е постигнато, и да се насочат мислите кон последниот обид на оваа генерација да се стигне до посакуваните ОИ… трета шанса – трета среќа.

Но треба да се размислува и за иднината, нели? Токму онака како што самиот Миркуловски кажа, време е да се внесе свежа крв во генерацијата. На вратите на репрезентацијата тропаат Талевски, Неловски, Манасков, Димитриевски… Време е постепено да се внесуваат овие млади играчи, да стекнат искуство, да ја осетат тежината на големите натпреварувања, да им биде пренесено искуството од овие постарите, да почуствуваат како е да се игра со светска ракометна ѕвезда како Кирил Лазаров… Битката за Рио ќе продолжи и следниот јануари во Полска, а ние Македонците и онака сме навикнати секогаш да го изодиме потешкиот пат до успехот, но блску е и ТОКИО 2020. Тогаш можеби ќе има подобар селектор, повеќе пари, услови… но дали ќе ги имаме Кире, Борко, Столе, Жути, Мојсо…дали ќе ги имаме јунаците од Ниш и Белград. Или ќе ги бараме како што десеттина години ги баравме Пепи, Боро, Стефановски, Марковски, Томче Петревски….
Момци главата горе и онака вие сте единствениот зрак светлина во оваа мала земја.

Се чувствувам горд што живеам во ваше време, се чувствувам среќен бидејќи ќе има што да им раскажувам на моите синови, внуци….

Најпосле би сакал да ви се заблагодарам за сите победи што ги имате остварено (знам дека ќе продолжите и во иднина да не радувате, и сите заедно ќе го славиме остварувањето на (на)вашиот сон, ОИ-РИО) , за оние денови на нашата сплотеност и за целосна прелеаност на македонската крв и јануарското сонце, за онаа неизмерната радост во секое семејство. Ви благодарам, затоа што вие сте кралеви на нашата восхит и писатели на нашата спортска историја.

За крај би ги поздравил „стручњаците” со мојата омилена…

„Хомосексуалци се оние кои имаат интимни односи со луѓе од ист пол, а пе*ери сте сите вие што навивате за МАКЕДОНИЈА само кога победува. “

А од мене спортски поздрав до наредното СП или ЕП.
И нормално. За Кого? За МАКЕДОНИЈА!

Авторот на текстот сакаше да остане анонимен.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Leave a Reply

Your email address will not be published.