Том ‘О Бранагејн: Стоилов е како балерина со големина на мечка

Зорица Десподовска ќе игра во Бундес лигата
16/01/2015
Борко Ристовски: Ова е една од најдобрите мечеви на Македонија
16/01/2015

Том ‘О Бранагејн: Стоилов е како балерина со големина на мечка

Нашиот репрезентативец Стојанче Стоилов изигра одлична партија денес. Дури и познатиот коментатор на ЕХФ, Том ‘О Бранагејн беше воодушевен од денешното издание на македонските ракометари против репрезентацијата на Тунис. Особено од Стојанче за кој рече дека е како балерина со големина на мечка!

Еве што изјави Стоилов после натпреварот:

„Никој не очекуваше дека ќе одиграме вака квалитетно и дека ќе совладаме толку силен противник со осум голови разлика. Но, ние, кои напорно работевме во изминатиов период, и претходно знаевме дека оваа репрезентација има квалитети и вредности. Сепак, ова е само почеток и имаме уште многу што да направиме на овој турнир. Мислам дека сега ќе играме уште подобро. Не треба да нѐ залажува и наредниот противник. Иран е квалитетен ривал и мора сериозно да му пријдеме“ – изјави Стојанче Стоилов.

С.П
С.П

Со спортот и ракометот уште од детството.
Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Leave a Reply

Your email address will not be published.