Столе Стоилов одигра во свој стил, лавовски и во нападот и во одбраната. Македонскиот пикер не го спречи ниту незгодната повреда на аркадата, поради која неколку пати го напушташе теренот, но за жал оставеното срце на терен не беше наградено со пласман во четвртфиналето.

„Разочарани сме, и тоа со право бидејќи не одигравме онака како што знаеме и умееме против Словенија. Имавме неколку шанси за камбек, но не ги искористивме. Бевме подготвени за нивната игра, но очигледно е дека и тие се имаа добро подготвени и знаеја како да не запрат во нападот, но и како да ја пробијат нашата одбрана. Севкупниот впечаток ми е дека на овој мундијал одигравме добро, што ми дава право со оптимизам да гледам кон иднината и да се надевам дека можеме да стигнеме до ОИ во Рио, користејќи го за тоа европскиот шампионат во Полска“ – изјави Стоилов.

Извор: www.ekipa.mk