Симона Стојановска: Голема чест е да се игра за клуб како што е ЖРК Вардар

Три недели пауза за Андреа Лекиќ
17/11/2014
Филип Ивановски: Среќен сум што сум дел од проектот на Пепи Манасков
18/11/2014

Симона Стојановска: Голема чест е да се игра за клуб како што е ЖРК Вардар

Симона Стојановска е една од најмладите македонски ракометарки, која е дел од македонскиот шампион ЖРК Вардар. Средниот бек на ЖРК Вардар, кој своето деби во ЛШ го имаше на натпреварот против Подравка минатата недела, каде постигна два погодоци од седмерец. Во интервју за МакРакомет, Симона открива повеќе за себе и нејзините почетоци, кадетската репрезентација и иднината во нејзиниот клуб.

simona_stojanovska

1. Симона, кажи ни нешто за твоите ракометни почетоци? Дали ракометот од секогаш бил твојот омилен спорт , или како и многу други се префрли од некој друг спорт? Кoј или штo е причинaтa зa дa пoчнеш дa се зaнимaвaш сo рaкoмет? Oд кaде љубoвтa кoн oвoј спoрт?
Моите ракометни почетоци ги започнав на 10 годишна возраст во ракометната школа Кастратовиќ. Ракометот отсекогаш ми бил омилен спорт, а причината за да започнам со овој спорт е мојот темперамент уште како мала. Па со оглед на тоа моите родители одлучија да ме запишат сепак на ракомет, кој тогаш беше поактуелен од другите спортови.

2. Тешко ли е да ги избaлaнсирaш тренинзите и спoртскиoт нaчин нa живoт сo “нoрмaлниoт” живoт нa еден 17-гoдишник – излегувања, дружба? Имаш ли време за љубов? :-)

simona_stojanovska1
Име и презиме Симона Стојановска

Не е толку тешко, кога постои голема желба и љубов кон она што го правиш. Кога ќе го испланирам времето имам време за се, па дури и да им се посветам на моите другари и другарки.

3. Имаш ли ракометни идоли? Кои се тие ракометарки чија игра особено те инспирира и те тера да напредуваш? Особено не интересира за луѓе кои играат на твојата позиција?
Секако дека имам. Мојот најголем идол е Андреа Лекиќ. Ме инспирира нејзината работа и игра на терен.

4. Дел си од кадетската репрезентација на Македонија, летово се одржа кај нас Светското кадетско првенство, првенство на кое нашата репрезетнација заврши на 17-то место, од вкупно 24 репрезентации… Кое е твоето лично мислење за квалитетот на оваа генерација?
Мислам дека ние сме таа генерација која треба да ги започне успесите на македонската репрезентација, но треба многу да се работи и да се вложува труд во младите генерации посебно во нашата.

5. Можат ли македонските ракометни фанови да веруваат дека за година, две македонската репрезентација ќе се врати таму кај што и е местото, на европските и светсктие првенства?
Најискрено се надевам и верувам во тоа дека македонската репрезентација ќе биде на исти ранг со појаките светски репрезентации.

6. Дел си од ЖРК Вардар, какво е чувството да работиш со многу постари и поискусни ракометарки? Дали си задоволна од клубот?
За мене е огромна чест и задоволство што можам да бидам дел од ваков клуб како што е Вардар. Можам многу да научам како од тренерот така и од играчите кои се на едно високо светско ниво.

7. Гo имaше свoетo деби oвaa гoдинa нa ЛШ, a згoрa нa тoa пoстигнa и двa пoгoдoци. Кaквo е чувствoтo пo првите двa гoлa вo ЛШ??
Чувството е прекрасно, не може да се опише со зборови… Голема чест е да се игра за клуб како што е ЖРК Вардар.

8. Што правиш во слободно време? Како ти поминува еден ден?
Најчесто сакам да го користам слободното време со моите другари и другарки. Да слушам музика, да изгледам некој филм и нормално навечер да ги прошетам кафулињата и дикотеките :-) хаха

9. Ако дојдеме сега кај тебе дома и го отвориме фрижидерот, што ќе најдеме во него? :-)
Од се по нешто. Најмногу овошје :-)

Датум на раѓање 20.03.1997
Место на раѓање Скопје
Висина 176
Тежина 62
Позиција на која настапува Среден бек
Прв клуб
Вардар
Сегашен клуб
Вардар
Тип на музика
Поп, забавна
Хоби или интерес за нешто различно од ракометот Цртање и читање книги
Кога не би била ракометарка би била Тенисерка
С.П
С.П

Со спортот и ракометот уште од детството.
Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Leave a Reply

Your email address will not be published.