Ристовски: Кога ја гледам БиХ, ме потсетува на нас на СП 2009

Литвански судии за мечот со Босанците
19/01/2015
Мојсовски: Против БиХ ќе дадеме 120 проценти
19/01/2015

Ристовски: Кога ја гледам БиХ, ме потсетува на нас на СП 2009

Во пресрет на денешниот натпревар против репрезентацијата на Босна и Херцеговина, голманот Борко Ристовски репрезентацијата на БиХ ја споредува со нашата репрезентација од СП во Хрватска во 2009-та година.

„Кога ја гледам БиХ, оваа селекција во многу работи ме потсетува на нас и нашиот настап на Светското Првенство во Хрватска во 2009 година. Очигледно е дека имаат квалитет и никако не смеат да се потценат, а нивни главен проблем досега беше што играа само по едно добро полувреме, додека во второто беа далеку под своето ниво. Тоа не е недостаток на квалитет, туку неискуство, а токму нашето поголемо искуство ќе ни биде еден од главните фактори за да стигнеме до посакуваната победа. Имавме еден ден за одмор и за консолидирање, останува да излеземе на терен и да покажеме дека сме ги извлекле поуките од слабиот настап против Иран и денеска да го покажеме вистинското лице и да забележиме нова победа“ – изјави голманот Борко Ристовски за порталот www.ekipa.mk

С.П
С.П

Со спортот и ракометот уште од детството.
Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Leave a Reply

Your email address will not be published.