Добро се сеќаваме како помина ланската сезона клупскиот македонски ракомет, го достигна врвот во нашата историја.

Вардар и Металург беа на чекор до фајнал-фор во Лигата на шампиони… Зомимак-М ги помина квалификациите во ЕХФ купот, и во групната фаза по групи не успеа да продолжи понатака, со оглед на противиниците кои ги имаше, преставуваше голем успех… Воскреснаа двата стари клуба, РК Пелистер и РК Прилеп… макотрпната работа со младите категории на скопските Тинекс Пролет и Работнички почна да дава резултати и квалитетни играчи …

Нешто на кое секој Македонец се радуваше и го правеше среќен, го тераше да верува дека оваа сезона ќе биде уште поуспешна, како на интернационално ниво, така и во нашата македонска лига, која се очекуваше да биде на едно ниво погоре, со многу интересни и јаки дерби натпревари.

Но, што се случува оваа сезона?!?!?

Еден од двата најдобри клубови, екипата на Металург се распадна … сеуште нејасни причините, но во глобала се збори дека се само финансиски … Сеуште е знак прашалник опстанокот на клубот, кој веруваме дека нема да згасне… Заминаа сите искусни ракометари, и останаа младите ракометари кои ќе пробаат да ја завршат како така оваа сезона. Едноставно управата на Металург ги фрли во оган младиве ракометари, млади и неискусни, без поддршка од никој поискусен во тимот, ќе се борат против големите клубови, како во ЛШ така и во СЕХА лигата. Останува да се надеваме дека нема да има ниедна посериозна повреда и дека оваа сезона брзо ќе заврши…

Втора работа… ништо подобро не е состојбата на РК Пелистер … финансиски проблеми повторно. Со месеци немаат земено плата, засилувањата што ги земаа минатата сезона, си заминаа.. останува голем прашалник што ќе се случи со клубот… повторно младите и квалитетни играчи ќе страдааат… играчи од типот на Дрогишки, Кузмановски …

Зомимак-М ништо подобро, немаат некој си големи финансиски проблеми, али очигледно е дека сезонава се ослабени и дека освен нешто во нашево првенство да направат, немаат други цели, а и не можат да направат …

Работнички и Прилеп се претежно клубови со млади ракометари… кои се желни за напредок и докажување на својот квалитет…

Од се што очекувавме, остана само Вардар … но тоа не е тоа … дербито го немаме … квалитетното првенство истотака… што ни останува?!?!?

Останува да се продолжи со ова темпо да се работи со младите категории, кои несомнено ги имаме многу и тоа квалитетни. Па за 3-5 години, да се постигне сите ние што го посакуваме, квалитетно првенство со јаки клубови и автоматски добиваме и јака репрезентација.

Ова притискање на копчето “рестарт“ на македонскиот ракомет, означува нов почеток кој за некој период ќе даде плод, на кој сите ќе бидеме горди! #СоСрцеЗаМакедонија