Нова, трета по ред, победа за Македонија

Фановите предвидуваат победа за Македонија, во неизвесен дуел
19/01/2015
СП Катар 2015: Ден 5 – Резултати и табела
19/01/2015

Нова, трета по ред, победа за Македонија

Трет меч и трета победа за Македонија на Светското ракометно прванство во Катар. Овој пат, пред квалитетната македонска репрезентација, падна солидната селекција на Босна и Херцеговина. Не беше тоа најсјајно издание на нашата селекција, но во групната фаза тоа не е најважно. Важни се победите, бодовите и што повисокиот пласман во групата.

Македонија силовито го почна мечот. Цврстата и концентрирана одбрана ги натера Босанците да прават непотребни наивни грешки и Македонија веќе на стартот имаше 4-0. Период во кој Босна и Херцеговина немаше дури ни удар кон нашиот гол. И по тајм-аутот на босанскиот селектор Марковиќ Македонија продолжи да игра добро, што резултираше со водство од 6-1. И кога за момент помисливме дека ќе биде тоа лесен меч, Босанците се вратија во мечот. Со серија од 6-0, го преземаа водството. Од тој момент па се до 50-та минута, мечот беше практично во егал.

Пробуваше во овој текот на мечот да менува Обрван, солидна минутажа добија и Вугринец (2 постигнати гола) и Прибак (повторно одличен во клучните моменти), но Македонија не можеше да се одлепи. Сепак квалитетот, и искуството, беа клучни во последните 10 минути. Стегна во одбраната Македонија , реализираа нашите кога беше најпотребно за нова, трета победа по ред. Овој пат, 25-22.

Независно што не бевме спектакуларни денес, овој резултат, начинот на игра и кога не му оди на нашиот најдобар играч и капитен, Кире Лазаров (3 погодоци, сите од пенал), покажува дека македонската национална селекција е подготвена за нешто големо. Играч на натпреварот повторно е Дејан Манасков, со 6 постигнати голови. Радува квалитетната игра на Манасков трет меч во серија. Повторно одлични беа и Миркуловски, Стоилов, Прибак и Гоце Георгиевски, а во клучните моменти со своето искуство и знаење на висина на задачата беше и Ренато Вугринец.

Утре повторно е слободен ден за нашата селекција, а веќе во среда,следи дербито во групата Б, мечот со силната Хрватск. Дуел кој многу веројатно ќе го реши првото место во нашата група.

Т.К
Т.К

Ракомет > фудбал + кошарка.
Ракометен фан од времето на Марина Абрамова!

Leave a Reply

Your email address will not be published.