Наумче Мојсовски: Ако се потцени противникот, секој може да те победи

Ивица Обрван: Да се фокусираме на утрешниот натпревар против Иран
16/01/2015
СП во Катар 2015: Ден 2 – Резултати
16/01/2015

Наумче Мојсовски: Ако се потцени противникот, секој може да те победи

Нашиот репрезентативец Наумче Мојсовски, денес покажа дека полека но сигурно се враќа во посакуваната форма. Натпревар во кој одлично изигра во нападот, постигнувајќи 4 погодоци. Мојсовски и неговите колеги се подготвени за добар успех на ова СП, но секако ако се потцени противникот, секој може да те победи. Затоа утре против репрезентацијата на Иран одиме на уште еден добар натпревар, и по втората победа во групата.

„Не очекувавме дека ќе биде вака на стартот. Сите се подготвувавме за тешка борба. Знаеме кој е Тунис и дека играат многу грубо во одбраната. Но, ние го одигравме овој натпревар феноменално во нападот, а во одбраната не им дозволивме многу да се размавнат и да реализираат контри и полуконтри. Ги сведовме на минимум техничките грешки, пред се одбраната и Борко на голот. Така што некако се се поклопи. Дај Боже вака да остане и да не е ова само едно светло во настапите на нашата репрезентација, туку вака да продолжиме. Мислам дека оваа генерација веќе созреа и дека е подготвена да направи добар успех и да фатиме контиунитет во настапите. Да не биде денес добро, утре лошо. Ако се потцени противникот, секој може да те победи. Мислам дека сега поседуваме квалитет и и искуство да држиме едно ниво против секој противник“ – изјави Мојсовски.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Leave a Reply

Your email address will not be published.