Навивачите на Металург заслужија повеќе

Утре почнува продажбата на поединечните влезници за натпреварот Металург – Кил
14/10/2014
Младен Ракчевиќ: Го живеам својот сон
15/10/2014

Навивачите на Металург заслужија повеќе

„Вугринец е повреден“…
„Вургинец ќе патува со екипата во Загреб“…
„Ренато пред трансфер во Вардар“…
„Вугринец подготвен за дуелот со Кил“…

Премногу (дез)информации од таборот на Металург. Премногу несериозен однос на еден од клубовите кој важеше за пример за тоа како еден спортски клуб треба да биде поставен – организациски внатре во клубот, но и во својот однос кон медиумите и симпатизерите.

Финансиската криза во екипата не е оправдување. Да бидеме реални, со колкав буџет располага една екипа се знае уште пред почетокот на сезоната. И, ако тогаш се знаеше со колкави финансии располага Металург, така и требаше да се изгради тимот. Фер и чесно, пред се кон навивачите, ќе беше да се каже дека годинава екипата ќе располага со помалку пари, дека сезоната ќе се искористи за градење на млада екипа, која ќе постигнува врвни резултати за година, две, три. Ако немаше финансии требаше уште во трансфер сезоната да се реши ситуацијата со Станиќ, Атман, Вугринец или кој и да е играч кој е прескап или незадоволен. Вака, навивачите, а особено оние кои набавија сезонски билети, со право се чуствуваат на некој начин измамено, но вистинските симпатизери на Металург, а такви ги има многу ширум државата, секако ќе набавеа сезонски билет. Впрочем, екипата се сака и кога победува и кога губи.

Да се вратиме на последните информаци поврзани со понатамошниот настап на Ренато Вугринец за екипата на Металург. Иако истите само ги зголемуваат грижите кај симпатизерите на македонскиот ракометен првак, сеуште има можност за разрешница која ќе ги израдува симпатизерите на овој клуб. Според (и овојпат) непотврдените информации од кулоарите, среда е денот кога може да се очекува разрешница на состојбата во Металург. Среда е дента кога се очекува да се реализираат најавите за финансиска стабилизација на клубот, а со тоа и разрешување на статусот на главните играчи во екипата, односно потврда за нивно останување во екипата. Што и да се случи, навивачите на клубот заслужуваат информација од прва рака, а не да читаат шпекулации по разно-разни медиуми, кои (не) му мислат добро на клубот од Автокоманда.

Екипата на МакРакомет се надева на стабилизација на клубот и продолжување на нормално функционирање на истиот. Впрочем, ние посакуваме што е можно поголем број на квалитетни ракометни клубови и во машка и во женска конкуренција, а не згаснување на оние малку кои егзистираат. Па во иднина покрај РК Вардар, РК Металург, ЖРК Вардар, да имаме и силен РК Пелистер, РК Зомимак, ЖРК Металург, како и враќање на ракометниот сјај на Велес, Прилеп, Струга и останатите градови. Се во интерес на понатамошен развој на македонскиот ракомет и зацврстување на неговата позиција како спорт број 1 во државата.

С.П
С.П

Со спортот и ракометот уште од детството.
Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

1 Comment

  1. Емил Христов says:

    Одличен текст.

Leave a Reply

Your email address will not be published.