Мојсовски: Со дисциплинирана игра до победа

Обрван: Нема да калкулираме, одиме на победа
23/01/2015
Последно коло: Македонија – Австрија
23/01/2015

Мојсовски: Со дисциплинирана игра до победа

Наумче Мојсовски добро ги познава квалитетите на денешниот противник, и предвидува како и на кој начин нашата машка ракометна репрезентација може да стигне до победата.

„Задоволни сме од нашите постигнати резултати, полека но сигурно го исполнуваме тоа што е зацртано пред да пристигнеме во Катар. За нас практично сега почнува ракометниот мундијал, со дуелот против Австрија. Ќе дадеме се од себе за да избориме пласман во четвртфиналето“
– изјави Мојсовски

„Ги гледавме натпреварите на Австрија, може да се каже дека станува збор за доста организирана репрезентација. Тие немаат некои преголеми осцилации во играта, си имаат свој стил кој што си го негуваат. Нашите грешки мора да ги сведеме на минимум ако сакаме добар резултат“ – заврши Наумче Мојсовски

С.П
С.П

Со спортот и ракометот уште од детството.
Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Leave a Reply

Your email address will not be published.