Мојсовски: Против БиХ ќе дадеме 120 проценти

Ристовски: Кога ја гледам БиХ, ме потсетува на нас на СП 2009
19/01/2015
Трето коло: Македонија – Босна и Херцеговина
19/01/2015

Мојсовски: Против БиХ ќе дадеме 120 проценти

Нашиот ракометар Наумче Мојсовски резервирано гледа на работите за денешниот натпревар против Босна и Херцеговина. Во никој случај не треба да се потцени репрезентацијата на БиХ, и за да стигнемем до победа треба да одиграме со 120% од нашите можности.

“Сме играле многу натпревари со Босна и Херцеговина и имаме сличен стил на игра. Тие се дебитанти на големите натпреварувања и тука во Катар одиграа два различни меча. На дуелот со Иран почнаа лошо па на крајот го кренаа нивото на игра и успеаа да победат, а против Австрија се случи спротивното, отворија добро, но имаа лоша завршница. Сепак на тој меч со Австрија во еден од натпреварот покажаа дека имаат квалитет и затоа во ниту еден момент не треба да се потценат. За нас е најважно да ја повториме играта од дуелот со Тунис бидејќи само така можеме да се надеваме на добар резултат со Босна и Херцеговина. Тоа е добра репрезентација, не случајно е тука во Катар и тоа откако успеа да го елиминира Исланд што не е мала работа. На првенството нема слаби противници и ако сакаме да победиме мораме да одиграме со 120 проценти од нашите можности” – изјави Наумче Мојсовски.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Leave a Reply

Your email address will not be published.