Манасков: Време е да ги израдуваме нашите верни навивачи

Ракометарките на ЖРК Металург издржаа само едно полувреме
21/11/2014
Вардар со Абутовиќ, но ослабен за Стоилов и Горбок
22/11/2014

Манасков: Време е да ги израдуваме нашите верни навивачи

Денес од 19:00 часот, ракометарите на Металург ја пречекуваат шпанската епика на Натурхаус Ла Риоха. Овојпат тренираа напорно со цел конечно да ја надминат големата резултатска криза и да ги израдуваат своите верни навивачи со првата победа во Лигата на шампионите оваа сезона.

Еве што изјави нашето крило Дејан Манасков, во пресрет на денешниот натпревар


„На претходниот натпревар се покажа дека Ла Риоха не е несовладлив ривал. Ние игравме израмнет меч во првото полувреме, а падот во продолжението се должеше на слабата физичка подготвеност, со оглед на фактот дека имавме само два-три комплетни тренинзи пред тој натпревар. Сега ситуацијата е поинаква, работевме напорно во изминатите денови и се чувствуваме подготвени за предизвикот. Желбата кај сите нас е иста – да одиграме квалитетен меч и конечно да ја забележиме првата победа во ЛШ, што би ја прославиле со нашите верни навивачи“
– изјави Дејан Манасков.

„На мечот во Шпанија се уверивме во она што го знаевме за Ла Риоха, станува збор за тим што игра добра агресивна одбрана, ракометарите благовремено излегуваат за да пресечат топка и потоа лесно да реализираат. Транзицијата е нивно главно оружје, па затоа ние ќе мораме да бидеме многу дисциплинирани во нападот и да не им дозволиме лесни голови. Верувам дека со позициона игра можеме да се носиме со нив и да стигнеме до триумф, пред нас е тежок меч, но решени сме да дадеме се од себе за да стигнеме до толку посакуваната победа“ – додаде Манасков.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Leave a Reply

Your email address will not be published.