Лазаров: Целје е разигран, ама кога Вардар игра дома – се знае!

Цеље мора да падне во Скопје
29/11/2014
Гонзалес: Со добра одбрана можеме до победа
29/11/2014

Лазаров: Целје е разигран, ама кога Вардар игра дома – се знае!

Во пресрет на денешниот натпревар на екипата на Вардар, против словенскиот Целје, еве што изјави капитенот Филип Лазаров:

„Повреди како повреди, секоја екипа има проблеми со тоа, а нас за жал така ни се погоди во овој период. Затоа имаме 20 играчи за да бидеме подготвени. Нѐ очекува меч што мора да се добие. Мислам дека сме поквалитетни од Целје, иако цела Европа зборува за нив. Тоа се млади момци играат, трчаат, сакат да се надигруваат и се носат со секого. Ама на домашен терен кај нас се знае! Дури и со Веспрем имавме победа на дофат, ама немавме среќа во последните минути. Малку паднавме и психолошки за реваншот, но јасно ни е дека Веспрем е за ниво погоре од нас. Тоа е eкипа која во последните 10 години игра во врвот на Еворпа и може само да ни претставува репер.“– изјави Филип Лазаров.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Leave a Reply

Your email address will not be published.