Лазаров прогласен за седми најдобар ракометар на СП во Катар

Расмусен си замина од ЖРК Вардар
02/02/2015
Вардар пред шанса да му се одмазди на Мешков Брест
04/02/2015

Лазаров прогласен за седми најдобар ракометар на СП во Катар

Капитенот на машката ракометна репрезентација, Кире Лазаров е седмиот најдобар ракометар на Светското првенство во Катар според ЕХФ. Изборот е објавен на официјалната интернет-страница на Лигата на шампионите, а во конкуренција се ракометарите кои настапуваат во ЛШ.

„Со 45 гола постигнати на шест меча, Лазаров уште еднаш го покажа своето големо значење за македонската ракометна репрезентација. Покрај високиот број голови, децниот бек на Барселона секогаш отвораше простор за останатите играчи на Македонија со тоа што на себе привлекуваше понегоаш и по двајца противнички дефанзивци. Во групната фаза тој беше одличен, но за жал, промаши доста шутеви на осминафиналниот меч против Словенија што значеше елиминација за Македонија и крај на неговата голгетерска серија“ – пишува официјалниот сајт на ракометната ЛШ.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Leave a Reply

Your email address will not be published.