Импресум

WWW.MAKRAKOMET.COM

Редакција (makrakomet@gmail.com)

* Главен и одговорен уредник

Стефан Пејовски

* Главен уредник

Трајче Кичевски

* Соработници

Маја Петковска – новинарка
Надица Манаковска – дизајнерка
Мартин Димовски – фотограф

„Макракомет“ е спортски портал, кој се фокусира само на македонскиот ракомет и на настаните поврзани со него.
На македонската публика ѝ нудиме проверени информации за ракометот, поврзани со националните тимови во сите старосни категории, со македонските екипи и со нашите интернационалци во Европа и во светот.

Особено се фокусираме на младите играчи, и во машка и во женска конкуренција, за кои цврсто веруваме дека претставуваат светла иднина на македонскиот ракомет.

Читателите можат да бидат сигурни дека преку „Макракомет“ добиваат само проверени информации и авторски текстови и анализи, без невистини и сензационални шпекулации. Дополнително, порталот „Макракомет“ им овозможува на сите љубители на ракометот, преку рубриката Седмерец, да ги искажат својот став и мислење за сѐ што е поврзано со македонскиот ракомет, без интервенции во напишаното.

Нашата конечна цел е да придонесеме во понатамошна промоција и афирмирање на ракометот во Македонија како спорт број 1 во државата.