Ивица Обрван останува селектор на Македонија

РК Борец се враќа во елитата
16/06/2015
Македонија денес ќе ги дознае своите противници за ЕП во Полска
19/06/2015

Ивица Обрван останува селектор на Македонија

Ивица Обрван останува селектор на ракометната репрезентација на Македонија и ќе продолжи да го води нашиот национален тим и на ЕП 2016 во Полска. На вчерашниот состанок со претседателот на РФМ, Живко Мукаетов и генералниот секретар Филип Милошевски се договорија неговиот ангажман да добие ново продолжение со траење до јуни 2016, меѓутоа со можност за продолжување.

„Задоволни сме со работата на селекторот и на заемно задоволство решивме да ја продолжиме соработката. Се надевам дека ќе донесе нови големи резултати за македонската репрезентација“ – изјави Филип Милошевски.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.