ЕХФ: Лука Мраковчиќ е новиот маестро на Металург (Видео)

Карачиќ во идеалниот тим за месец септември во СЕХА лигата
02/10/2015
РК Работнички домаќин на РК Радовиш
02/10/2015

ЕХФ: Лука Мраковчиќ е новиот маестро на Металург (Видео)

Тоа што ние го забележавме на саботниот натпревар на Металург против екипата на Шафхаузен, го забележале и луѓето од ЕХФ. На саботниот натпревар го прогласивме Лука Мраковчиќ за игра на натпреварот, иако повеќето имаа замерки за тоа, зошто него, требало Јанко Божовиќ бидејќи имаше постигнато повеќе голови, вкупно 8 погодоци.

Младиот среден бек (21 година) кој дојде од Хрватска, одигра брилијантна партија против Шафхаузен. Нешто што му требаше на првиот играч на Металург, Јанко Божовиќ како помош во нападот. Мраковчиќ одлично се движи во нападот и храбро влегува во дуел игра, со што многу потсетува на екс ракометарот на Металург, добро нас познатиот Филип Мирколовски.

Ракометар кој мора да се задржи и да се вложува во него, бидејќи како и ние, така и ЕХФ гледа голем потенцијал во него.

Видеото на ЕХФ, како и нивните пофални зборови за ракометарот на Металург, може да го видите ТУКА.

Фото: Мартин Димовски ( @Lacialec )

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.